Connect with us

Баерн го казни Садио Мане со 500.000 евра затоа што крена рака на соиграч

Раководството на Баерн Минхен ја исполни својата закана и жестоко го казни Садио Мане, кој си дозволи да го удри соиграчот Лерој Сане по поразот со 0-3 од Манчестер Сити во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Според „Билд“, сенегалскиот напаѓач ќе мора да плати 500.000 евра.


Претходно денеска Баварците и официјално објавија дека Мане нема да биде вклучен во составот за домашниот меч против Хофенхајм во Бундес-лигата и ќе се соочи и со финансиска казна.

Освен резултатот и репликите разменети со Сане, поранешниот играч на Ливерпул беше вознемирен и поради личен проблем. Неговата тетка почина пред неколку дена, а Мане е во жалост.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови