
Ханси Флик може да се врати на чело на Баерн Минхен доколку дојде до разделба со Томас Тухел на лето, пишува „Билд“. Некои од одговорните фактори во клубот сакаат да го видат стратегот повторно како тренер на тимот.
Флик последен пат беше на чело на германската репрезентација, но сега се чувствува подготвен за нов предизвик и сака да преземе клупски тим на лето.
Враќањето на Ханси Флик во Баерн до неодамна се сметаше за невозможно бидејќи тој имаше затегнати односи со почесниот претседател Ули Хенес. Сепак, двајцата веќе ги испеглале своите разлики.
Хенес беше клучен за доведување на Флик во стручниот штаб на Нико Ковач во 2019 година и за негово промовирање во главен тренер по заминувањето на Хрватот.
Ханси Флик го освои секој можен трофеј со Баерн Минхен во една сезона, но си замина по расправијата со Хасан Салихамиџиќ, кој во тој период беше спортски директор на клубот. Сепак, Брацо повеќе не е дел од Баерн, а Ханси Флик и понатаму будно следи што се случува на „Алијанц арена“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
