Баер Леверкузен на најдобар можен начин ја прослави шампионската титула пред своите гледачи. Тимот на Чаби Алонсо го победи Аугрбург со 2-1 и без ниеден пораз во текот на целата сезона стигна до историскиот шампионски пехар. Дополнително, Баер Леверкузен ќе игра во финалето на Лига Европа и во финалето на Купот на Германија.
Бонифејс во 12.минута го отвори резултатот, а Андрих во 27.минута зголеми на 2-0. Мерт Комур во вториот дел го постигна голот за Аугсбург.
Марко Ројс го одигра последниот меч за Борусија Дортмунд и се збогува со гол од„жолтиот ѕид“, а „милионерите“ славеа со 4-0 против Дармштат. Стрелаа и Матсен, Брант и Мален.
Баерн Минхен гостуваше кај Хофенхајм и загуби со 4-2. Штутгарт ја победи Борусија Менхенгладбах со 4-0 и на крајот заврши на втората позиција пред Баерн Минхен.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер за Лајпциг на дуелот против Ајнтрахт Франкфурт (2-2).
Унион Берлин со победата од 2-1 над Фрајбург обезбеди опстанок.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski