Германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен го претстави своето ново засилување за следната сезона, Џарел Кванса, кој пристигнува од Ливерпул.
По тоа што му ги продаде Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг на Ливерпул за вкупно 165 милиони евра, Баер Леверкузен сега го ангажира младиот дефанзивец од истиот клуб како дел од новиот проект.
Ливерпул ќе инкасира 40 милиони евра од продажбата на Кванса, но ќе ја задржи и опцијата за откуп на играчот за 60 милиони евра, клаузула која ќе стане активна од 2027 година.
Со ова, Баер Леверкузен обезбедува потенцијално важно засилување во дефанзивната линија, додека Ливерпул остава отворена врата за можно враќање на талентираниот стопер во иднина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













