Германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен се раздели со досегашниот тренер Херардо Сеон. По синоќешниот пораз од Порто во ЛШ, раководството одлучи да ја прекине соработката со тренерот кој една и пол година ги водеше „фармацевтите“.
За нов шеф на стручниот штаб е именуван Чаби Алонсо, поранешниот шпански репрезентативец кој во кариерата настапуваше за Реал Мадрид, Ливерпул, Баерн, Реал Сосиедад и за Еибар.
„Го познавам Баер Леверкузен од периодот кога играв во Германија, тоа е одличен клуб. Баер секогаш имал одлични играчи, гледам многу квалитет и во сегашниот тим. Многу сум возбуден поради оваа работа“, изјави Чаби Алонсо.
💬 @XabiAlonso: "Ich kenne Leverkusen aus meiner Zeit in Deutschland als einen hervorragenden Klub. #Bayer04 hatte immer tolle Spieler, auch im jetzigen Kader sehe ich viel Qualität. Diese Aufgabe reizt mich sehr."#Werkself pic.twitter.com/2ljFzzzdTK
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04fussball) October 5, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal