
Реал Мадрид ќе биде без Еден Азар и Лука Јовиќ на претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Шахтјор Доњецк во вторник. Членовите на “кралскиот клуб” денес тренираа за последен пат на “Валдебебас”, пред утрешниот лет за Украина.
Еден Азар, кој се здоби со повреда играјќи за Белгија против Франција, не тренирал со групата и поради тоа, не е вклучен во составот на Карло Анчелоти за натпреварот. За да бидат работите уште полоши, Лука Јовиќ се повредил на денешниот тренинг, тврди “Онда Серо”.
Засега, не е јасно колку долго Србинот ќе отсуствува. Сепак, се вели дека тренерот Карло Анчелоти и стручниот штаб се загрижени за неговата состојба. “Дијарио АС” прецизира дека Лука се здобил со тежок удар во коленото.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
