Хаотична авантура имаше шпанскиот гигант Реал Мадрид кога тимот пристигна во Германија за првиот осминафинален натпревар против Лајпциг во Лигата на шампионите.
Поради штрајк на аеродромот во Лајпциг, авионот на „кралевите“ мораше да го презакаже своето патување за да избегнат дополнителни проблеми кои ќе ги нарушат подготовките на тимот на Карло Анчелоти во пресрет на мечот од ЛШ.
Наместо директен лет од Мадрид за Лајпциг, авионот на Реал Мадрид слета во 11:38 часот во Ерфурт. Оттаму, екипата имала патување со автобус од повеќе од 160 километри, кое за малку ќе завршило со сериозна трагедија.
„На автопатот А4, меѓу Ајхелборн и Нора, бела Тојота удри во автобусот на тимот на Реал Мадрид. Возачот на патничкиот автомобил го игнорирал возилото додека ја менувал положбата на коловозните ленти и удрил во страничниот дел на автобусот. Степенот на штетата на автомобилот е околу 3.000 евра, додека за автобусот на Реал сѐ уште нема детална проценка. По кратко застанување, за среќа на сите вклучени, нивното патување продолжи“, објаснува германскиот весник „Билд“.
„Вистината е дека еден навивач се обиде да го фотографира автобусот од својот автомобил без да сака да го промени движењето на својот автомобил. Воопшто не забележавме, но тоа ни го кажаа другите луѓе од автобусите зад нас“, изјавија од „кралскиот клуб“ за шпанска „Марка“.
Околу 14:40 часот, Реал Мадрид конечно пристигна во тимскиот хотел „Штајгенбергер“, во центарот на Лајпциг.
Collision entre une Toyota et le bus du Real Madrid alors qu'il se rendait à Leipzig pour leur match de Ligue des Champions. Selon MARCA, le conducteur de la Toyota filmait le bus et s'est distrait, ce qui a causé l'accident pic.twitter.com/6lUDZ3KGdw
— Rond Central (@rondcentrall) February 12, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski