Македонскиот второлигаш Кит Го излезе во пресрет и го отстапи фудбалскиот терен во Пехчево на австриските пожарникари кои дојдоа да помогнат во борбата за гаснење на огнената стихија во Малешевијата.
Токму поради тоа одложен е и за денеска предвидениот пријателски натпревар меѓу Кит Го и Детонит јуниор кој требаше да се игра во Пехчево.
„Наспроти активниот подготвителен период пред стартот на новата сезона во Втората лига – Исток, нашиот клуб демонстрирајќи максимална општествена одговорност се одлучи да се стави во функција на заедницата.
Раководството на ФК Кит Го одлучи својот стадион во Пехчево да го стави на располагање на австриските пожарникари кои допатуваа во Македонија на помош за справување со огнената стихија која владее во Малешевијата“, соопштија од клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski