Connect with us

Аугсбург го шокираше Баерн Минхен, а Борусија Дортмунд го победи Шалке (ВИДЕО)

Баерн Минхен на четири меча не знае за победа во Бундес-лигата, а денеска загуби на гостувањето кај Аугсбург со 1-0. Претходно тимот на Јулијан Нагелсман имаше три ремија во низа и можно е тој да добие отказ.

Мергим Бериша во 59.минута постигна гол за Аугсбург, а не успеаја да возвратат ни Мане, ни Сане, ни Томас Милер.

Борусија Дортмунд го доби дербито против Шалке со 1-0 и се искачи на врвот на табелата со 15 бода. Стрелец на победоносниот гол беше Јусуфа Мукоко во 70.минута од дуелот.

Роде, Камада и Јакиќ донесоа триумф (1-3) за Ајнтрахт Франкфурт на гости кај Штутгарт. Баер Леверкузен и Вердер ремизираа 1-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови