Connect with us

Аудио – снимки од Мадрид: Флорентино Перез ги навредува легендите на Реал

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се наоѓа во центарот на скандалот кој самиот го предизвика кога тајно ги „оговараше“ легендарните играчи на овој клуб, а сè беше снимано.


Шпанскиот „Ел Конфиденшал“ ги доби снимките во кои во фокусот на вниманието е првиот човек на Реал, Флорентино Перез. Во 2006 година, тој ги класифицираше играчите според тоа колку тие придонесуваат за пазарот и имаше посебни зборови за легендите на клубот како Раул Гонзалес и Икер Касилјас. Двајца фудбалери кои оставија неизбришлива трага во историјата на Реал Мадрид.


Реал во неколку наврати покажа како не треба да се третираат легендите на клубот и покрај тоа што е најголем клуб во светот. Така Раул, Касилјас и многу други беа лесно протерани, а во поновата историја Кејлор Навас, Серхио Рамос …

„Бекам е добро момче, многу паметен. Заработува 30 милиони годишно. Роналдо Назарио исто така. Зидан добива 25 милиони. И тогаш, тука е Раул кој не продава апсолутно ништо. Човеку, ништо, без дрес, без медиумско внимание”.

“Тој е лош, верува дека Реал е негов и тој е една од причините зошто заминав. Тој го уништува клубот, моралот на играчите, сè. Многу лош човек”, рече Перез за човекот кој во дрес на Реал Мадрид постигна над 320 гола!
Раул е во редовите на Реал Мадрид, го предводи Кастилја тимот, а по ова може да дојде до разделба.


Флорентино Перез исто така фрлаше со дрвја и камења кон еден од најголемите голмани во овој спорт, Икер Касилјас.

„Работата со него е што навивачите го обожаваат. Не знам зошто толку го бранат. Тој е една измама, а другата е Раул. Тоа се двете најголеми измами на Реал Мадрид”, рече Перез.

„Фудбалерите се себични. Не можете да сметате на нив за ништо. Имам ужасна слика на фудбалери, ужасна, ужасна … Сум видел многу работи во мојот живот, но никогаш нешто слично на нив”, се вели во аудио записот.

„Ел Конфиденшал“ планира да ги објави овие снимки во текот на неделата, а засега само делови излегле во јавноста. Од друга страна, Перез проговори и верува дека ова е стратегија на шпанскиот весник и на Хозе Антонио Абелан против него со цел да му наштети на проектот за Европската Суперлига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови