
Поранешниот македонски репрезентативец Ацо Стојков го напушти прволигашот Брера. Тој поднесе оставка на функцијата спортски директор, понесувајќи одговорност за слабите резултати на тимот во последниот период.
„Сакам да ја известам македонската спортска јавност дека од денеска не сум веќе спортски директор на ФК АП Брера Струмица. Во време на долгорочна резултатска криза доблест е да се поднесе одговорност, дури и кога имаш најмалку вина. Но, одлуките се носат да се испочитуваат. Им благодарам на фудбалерите за беспрекорната соработка, на клубот и управата за укажаната шанса, и им посакувам многу среќа во следниот период. Време е да се посветам на семејството и новите предизвици“, објави Ацо Стојков на социјалните мрежи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
