Connect with us

Атлетико Мадрид со огромен чекор напред кон титулата (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид не дозволи грешка на дуелот против Реал Сосиедад, славеше со 2-1 на „Ванда Метрополитано“ и направи огромен чекор напред кон освојување на титулата. Тимот на Диего Симеоне по половина час обезбеди сигурна предност.

Јаник Караско го отвори резултатот во 16.минута, а Ангел Кореа зголеми на 2-0 во 28.минута. Реал Сосиедад постигна гол во финишот преку Зубелдиа, но бодовите останаа во Мадрид. Сега Атлетико има 80 бода, четири повеќе од Барселона и пет позитива во однос на Реал Мадрид кој има еден меч помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови