Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид сака да ја засили навалната линија во зимскиот преоден рок. Тренерот Диего Симеоне планира да донесе замена за Диего Коста кој најверојатно ќе замине од „Ванда Метрополитано“. Изборот падна на Аркадиуш Милик, полскиот интернационалец од редовите на Наполи.
Атлетико Мадрид е подготвен да плати 30 милиони евра колку што бараат „наполитанците“ за да му дозволат на Милик да замине. За него се заинтересирани уште неколку големи европски клубови. Јувентус сакаше да го доведе во Торино, во опција е и Интер, а од Премиер – лигата притискаат Тотенхем и Евертон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













