Connect with us

Атлетико Мадрид оди на продажба

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, е подготвен да го продаде клубот, тврди „Ок диарио“.


„Главните сопственици на Атлетико, Енрике Серезо и Мигел Анхел Хил, си поставија рок да го продадат својот удел во клубот до јуни 2025 година. Тие заедно со американскиот холдинг „Арес“ имаат околу 60- 70% од капиталот на клубот и размислуваат да ги продадете своите акции доколку се појави соодветен инвеститор“, изјави новинарот Едуардо Инда.

„Веќе неколку пати се обидоа да го продадат клубот, но ниту една понуда не ги задоволи. Кога во клубот дојде Мигел Анхел Хил, Атлетико беше сериозно име, но без организација. Немаше воспоставена структура. Сега ситуацијата е поинаква. Клубот има еден од најмодерните стадиони, а покрај тоа неодамна беше и финалист во Лигата на шампионите“, истакнува „Ок диарио“.

Засега не е позната сумата со која би се задоволиле сопствениците на Атлетико Мадрид за продажба на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови