Атлетико Мадрид одби 130 милиони евра од Манчестер Јунајтед за Жоао Феликс, пишува „АС“. Тренерот Диего Симеоне сака да ги задржи најголемите ѕвезди, вклучувајќи го и 22-годишниот офанзивец Феликс, кој во 2019 година беше доведен од Бенфика за 127 милиони евра.
Атлетико му ја посочил на Јунајтед отштетната клаузула на Португалецот, според која тој може да го напушти клубот само доколку некој плати 350 милиони евра.
Доколку Јунајтед ја активира клаузулата, тоа би бил најголемиот трансфер во историјата.
Рекордот го држи Нејмар кога замина од Барселона во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра.
Манчестер Јунајтед се обидел и со понуда за размена, во која Кристијано Роналдо би заминал на „Ванда Метрополитано“, но Атлетико Мадрид не се согласил ниту на таква зделка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













