Connect with us

Атлетико Мадрид нема да го продаде Жоао Феликс за помалку од 100 милиони евра

Иднината на Жоао Феликс останува нејасна. Португалскиот напаѓач сака да остане во Челси, тоа е желба на клубот од „Стемфорд бриџ“, но засега не се водат официјални преговори со Атлетико Мадрид.


Феликс е во Челси како позајмен играч и тешко дека ќе се врати во клубот што го поседува. Причината е што нема желба да игра под раководство на Диего Симеоне, кој немаше многу доверба во неговите квалитети.

Мадриѓани се подготвени да го продадат Жоао Феликс, но за не помалку од 100 милиони евра. Во оваа фаза, Челси не одлучил дали ќе се обиде да ја намали цената на Португалецот, или ќе бара друг напаѓач.

Постои и опција Челси да го испрати Кристијан Пулишиќ во Атлетико Мадрид како дел од договорот за Жоао Феликс.

23-годишниот португалски репрезентативец има 13 настапи и два гола откако им се приклучи на „сините“ од Лондон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови