Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид изрече доживотна забрана на еден навивач на тимот, кој беше идентификуван од полицијата поради фрлање предмет на теренот за време на дербито од домашното првенство против Реал Мадрид.
Мадридското дерби беше прекинато околу 20 минути токму поради бројните предмети кои беа фрлени од трибините кон голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа. Ова се случи по голот на гостите во второто полувреме, но Атлетико сепак успеа да стигне до изедначување со погодок на Анхел Кореа во дополнителното време.
„Нашиот оддел за безбедност ќе соработува со полицијата до целосно идентификување на сите инволвирани во инцидентот. Тие ќе добијат доживотни забрани за посета на стадионот”, соопштуваат од Атлетико Мадрид.
Од шпанскиот клуб дополнуваат дека на стадионот е забрането носење облека или маски, со кои навивачите можат да го сокријат својот идентитет.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













