Хрватскиот интернационалец Јосип Брекало е желба на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, пишува „Мундо Депортиво“. Шпанскиот шампион бара засилување на крилните позиции и разгледува две опции. Една од нив е 23-годишниот хрватски репрезентативец Брекало, додека втората е Португалецот од Валенсија Гонкало Гуедеш.
Планот на Симеоне е да ја интензивира напаѓачката конкуренција и да го подобри тој сегмент од играта. Затоа, се работи и на враќање на Антоан Гризман од Барселона.
Брекало беше поврзуван со многу клубови во последните месеци, од Рома и Лил до Евертон, Лидс и Интер. Тој дојде во сегашниот клуб Волфсбург во 2016 година од Динамо Загреб кога имаше помалку од 18 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













