Македонија ремизираше 1-1 против Молдавија во првиот пријателски дуел од овој мини-циклус во Анталија.
Играчот за врска Јани Атанасов вели дека одигравме квалитетен меч, го контролиравме резултатот до пред крајот, но потоа дозволивме Молдавија да израмни.
„Мислам дека одигравме добар натпревар, имавме резултат и игра некаде до 75.минута од мечот. Потоа дозволивме Молдавците да постигнат израмнувачки погодок. Во секој случај, ова се натпревари на кои треба да напредуваме, мислам дека го одработивме тоа што селекторот го бараше од нас, а сега се вртиме кон следниот меч со Црна Гора. Тие се секако одличен противник и нѐ очекува уште еден тежок натпревар“, изјави Јани Атанасов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













