Connect with us

Аталанта ќе му го „украде“ Скамака на Интер?

Аталанта направи историски договор бидејќи по само една година го продаде Расмус Хојлунд на Манчестер Јунајтед за повеќе од 70 милиони евра.


Тие сега се на пазарот во потрага по замена за напаѓачот и се насочија кон италијанскиот репрезентативец кој веќе беше виден во Интер.


Џанлука Скамака го напушта Вест Хем и се чинеше дека работата е веќе завршена тој да замине во Милано, но Аталанта сега е во пол-позиција бидејќи во замена го нуди дефанзивецот Демирал.


Скамака сака да се врати во Италија откако минатата сезона постигна осум гола во Англија. Тој минатото лето пристигна од Сасуоло за 35 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови