Англискиот премиерлигаш Астон Вила се договори околу личните услови со португалскиот интернационалец Жоао Феликс, кој минатата сезона играше на позајмица во Барселона и е во сопственост на Атлетико Мадрид, соопштуваат медиумите на Островот.
Шпанскиот клуб бара 40 милиони евра за да го ослободи Португалецот. Се истакнува дека двата клуба ќе продолжат со преговорите за склучување на зделка во блиска иднина.
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, сака да го види Жоао Феликс во својот тим и ќе му понуди улога на офанзивен играч за врска, што може да го ослободи потенцијалот на Португалецот. Се истакнува дека зделката ќе биде тешка од финансиска гледна точка, но Астон Вила ја разгледува можноста да потпише со Феликс.
Минатата сезона Жоао Феликс учествуваше во 54 натпревари во сите натпреварувања и постигна 13 гола, забележувајќи и седум асистенции.
Неговиот актуелен договор со Атлетико Мадрид е до летото 2029 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













