Астон Вила официјално го објави ангажманот на крилото на Борусија Дортмунд, Дониел Мален.
Детали за договорот не беа откриени, но според „Скај Спортс“, тимот од Бирмингем ќе плати за холандскиот играч првично 21 милион фунти, додека сумата со бонусите може да достигне до 27,7 милиони фунти.
Од „Вила Парк“ засега не откриваат колкаво е времетраењето на договорот што го потпишал новиот играч, но се претпоставува дека спогодбата е до летото 2030 година.
Оваа сезона, Мален постигна пет голови на 20 натпревари во сите натпреварувања, а за целиот период од три и пол години како играч на Борусија Дортмунд, има 39 голови на 131 натпревар.
За националниот тим на Холандија, има девет голови на 41 настап.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













