Connect with us

Астон Вила достави понуда за Матео Гендузи

Англискиот премиерлигаш Астон Вила го задржува интересот за играчот од средниот ред на Лацио, Матео Гендузи, потврдија претставници на францускиот фудбалер за италијанскиот весник „Кориере дело спорт“. Интересот на англискиот клуб за Гендузи датира од минатата сезона, а менаџерот Унаи Емери високо ги цени неговите квалитети од периодот кога Шпанецот беше на чело на Арсенал.

Се очекува 25-годишниот играч од средниот ред да го напушти италијанскиот калчолигаш откако го загуби своето стартно место по доаѓањето на новиот тренер Игор Тудор во март.


Астон Вила веќе им ја претстави својата понуда на агентите на Матео Гендузи, иако преговорите сѐ уште се во рана фаза.

Францускиот репрезентативец дојде во Лацио од Олимпик Марсеј минатото лето за 18 милиони евра и ја заврши сезоната со два гола и три асистенции во 33 натпревари во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови