Македонската репрезентација во одлична атмосфера го одработи синоќешниот тренинг во Ашдод. Така ќе биде и денеска по одлуката на стручниот штаб и денешниот последен тренинг националниот тим да го одработи во Ашдод, место во Бер Шева каде утре ќе се игра натпреварот против Израел.
Поразите од Полска и од Австрија не се заборавени, од нив треба да се извлече поука за враќање на победничките патеки. Урнек треба да биде и гостувањето во Хаифа од пред две години, кога Македонија славеше на израелско тло со 0-1.
„Подготвени сме за предизвикот. Нема да биде лесно против Израелците, ќе ја имаат публиката на своја страна, но ние сакаме да се вратиме по поразите од Полска и од Австрија. Знаеме како да го победиме Израел, го сторивме тоа пред две години“, изјави напаѓачот Иван Тричковски кој игра во одлична форма во кипарскиот АЕК Ларнака.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













