Connect with us

Артета тргнува по Јури Тилеманс

Арсенал и Порто ја официјализираа соработката со која 22-годишниот Фабио Виеира доаѓа на „Емирати“ за сума од 40 милиони евра, плус 5 милиони преку бонуси. Тој беше капитен на младата репрезентација на Португалија, а минатата сезона на 27 натпревари во португалскиот шампионат имаше ефект од шест гола и 14 асистенции.


Сепак, Арсенал не планира да застане. Сега Микел Артета тргнува по Тилеманс.

Белгиецот има уште една година од договорот со Лестер, минатата сезона имаше шест гола и четири асистенции во Премиер – лигата.

Јури Тилеманс е проценет на 50 милиони фунти, но со оглед дека влегува во последната година од договорот, бараната сума може уште да се намали. Самиот играч во неколку наврати изјави дека сака промена на средината, а во Лестер е од 2019 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови