Connect with us

Артета: Скандалозно, не ни досудија два пенали

Фудбалерите на Арсенал синоќа беа запрени во победничкиот налет. Њукасл даде силен отпор во Лондон и одигра 0-0 во 19. коло од Премиер – лигата.


На врвот на табелата Арсенал има девет бода повеќе од третопласираниот Њукасл и осум од Манчестер Сити, кои имаат шанса да се вратат на „минус 5“ во однос на „топчиите“ со евентуална победа против Челси в четврток.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше многу незадоволен по мечот во Лондон и тврдеше дека лидерот е оштетен за два пенали.

Прво во 58. минута кога Габриел беше повлечен за дресот, а вториот пат во 95. минута кога топката удри во раката на Марфи.

„Исклучително сум горд на играчите. Како играа, доминираа, се обидуваа да го контролираат натпреварот. Ни требаше таа искра пред голот. Имавме многу ситуации и две скандалозни одлуки. Тоа беа два пенали, многу е едноставно. Зборувам за тоа што го видов. Тоа беа два скандалозни пенали“, се налути Артета.

Тој додава дека на неговиот тим му недостасувала концентрација пред голот на Њукасл.

„Ни недостигаше таа завршница, шутот, да ги претвориме сите тие шанси во гол. Њукасл тргна со таква поставеност. Тие не играат така против никој друг. На крајот, не примивме гол, тоа беше многу добра игра. Да продолжиме понатаму“, заклучи менаџерот на Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови