Фудбалерите на Арсенал се активни во борбата за титулата во Премиер – лигата, а во Лигата на шампионите ги очекува четвртфинален двомеч против Баерн. Сепак, раководството веќе размислува за потенцијалните засилувања за следната сезона.
Две имиња се од Реал Мадрид.
Микел Артета би сакал на „Емирати“ да го има Брахим Дијаз. Сепак, и второто име е мошне интересно.
„Топчиите“ се заинтересирани за украинскиот голман Андреј Лунин.
Тој го пополни местото на Тибо Куртоа восхитувачки во негово отсуство. Белгиецот сѐ уште не може да се врати на теренот. Постојат сите шанси Реал да не го задржи Кепа Аризабалага.
Сепак, Арсенал ќе се обиде да дојде до Лунин. Тој е во Реал од 2018 година, но беше испраќан и на позајмици.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













