
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета демантираше дека би можел да биде нов тренер на Пари Сен Жермен и додаде дека е среќен во лондонскиот клуб.
Артета е менаџер на Арсенал од 2019 година, а минатата сезона со лондонскиот клуб го освои второто место во Премиер – лигата, иако „топчиите“ најголемиот дел од првенството го минаа на првото место на табелата.
Некои медиуми објавија дека шпанскиот фудбалски стручњак би можел да го води ПСЖ следната сезона.
„Можам само да кажам дека сум среќен во Арсенал. Сопствениците на клубот ја ценат мојата работа и имам уште многу работи да направам за овој клуб. Многу сум среќен, но верувајте дека сум неверојатно благодарен што сум менаџер на Арсенал“, изјави Артета.
Тој истакна дека е задоволен од игрите на Габриел Жесус и на Александар Зинченко.
„Зошто носиме играчи од Манчестер Сити? Одговорот е лесен. Тие се многу добри играчи, ги знам, бидејќи со некои од нив сум работел и претходно. Ги сакав Жесус и Зинченко во Арсенал поради нивниот неверојатен талент, но и поради нивните човечки вредности“, истакна Артета.
Арсенал ова лето се обидува да се засили со Каи Хаверц и со Деклан Рајс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
