
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, упати пофалби за тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, и неговиот тим пред утрешниот натпревар на „Емирати” во рамките на второто коло од новиот формат на Лигата на шампионите.
„Со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Се соочуваме со неверојатен противник. Овој тип на вечери ги посакуваме и ни недостигаа неколку години. Минатата сезона успеавме да се вратиме во ова натпреварување и сега групната фаза е малку поразлична. Нашиот противник е еден од најдобрите тимови во европскиот фудбал, но за нас ова е одлична можност да видиме каде сме и колку сме подготвени“, изјави менаџерот на Арсенал.
Артета, исто така, зборуваше со восхит кон Луис Енрике.
„Јас сум голем почитувач на Луис Енрике. Неверојатна личност и одличен карактер. Има огромна енергија и секогаш ги поддржува младите играчи. Како фудбалер и како тренер, тој секогаш остава свој белег, без разлика каде се наоѓа. Можете да почувствувате дека ова е негов тим по начинот на кој играчите се однесуваат, по тоа како сакаат да напаѓаат и да доминираат. Имаат дух и енергија. Таков е неговиот пристап кон животот и професијата. Научив многу од него“, изјави Артета на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
