Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не е задоволен од поразот (0-1) од Интер. Тој смета дека неговиот тим бил оштетен од судиите на овој натпревар, кои досудиле пенал за „нероаѕурите“, но не и за неговиот тим.
„Горд сум на моите играчи и на нивото на доминација кое го покажаа. Бевме оштетени и мислам дека тоа е очигледно. Се работи за двата пенали. Ако досудиш таков пенал за Интер, тогаш треба да го дадеш и другиот, затоа што имаше удар во главата. Немаше рикошет, и Мерино немаше што да направи за да ја избегне топката. Можевме да постигнеме барем два гола на овој натпревар. Секоја одлука во казнениот простор може да ја направи разликата. Со ваква игра, верувам дека ќе одиме и ќе го победиме Челси за викендот“, истакна Артета.
Тој ја коментираше и здравствената состојба на Каи Хаверц и на Микел Мерино.
„Хаверц има голема рана и се надеваме дека ќе биде добро до викендот. Мерино нема потрес по судирот со Зомер. Само што во моментот не се чувствуваше добро и одлучив да го повлечам на полувремето, бидејќи не беше на 100%“, дополни шпанскиот тренер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













