Микел Артета сака уште помоќен Арсенал, поточно – уште посилен напад, бидејќи токму тоа најмногу му недостигаше во минатата сезона.
Арсенал не освои ниту еден трофеј, но продолжи да напредува – стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, а во Премиер – лигата мораше да се задоволи со второто место.
За Арсенал да го направи тој уште еден чекор напред, било во Премиер лигата или Лигата на шампионите, Артета верува дека клучното парче во мозаикот е – Родриго!
Доверливиот мадридски новинар Марио Кортехана денеска откри дека „Артета е вљубен во Родриго“, дека „долго го следел и проучувал“ и дека верува оти тој може да биде совршено лево крило за Арсенал.
Ова е клучно и за Бразилецот – конечно би можел да игра на својата омилена позиција, левото крило, што не е можно во Реал Мадрид поради Винисиус Жуниор.
Артета навистина сака да го доведе Родриго уште ова лето и дека чека Бразилецот да види каков статус ќе има кај Чаби Алонсо, бидејќи се шпекулира дека нема да биде стандарден првотимец.
Ако тоа се покаже како вистина, Арсенал ќе тргне во офанзива, но јасно е дека ќе мора да плати над 90 милиони евра.
Познато е и од претходно дека Арсенал е во постојан контакт и со Бењамин Шешко, кој исто така е прва цел на Микел Артета за позицијата централен напаѓач. Лајпциг бара 75-80 милиони евра, Арсенал се обидува да ја намали цената, но договорот е повеќе од реален.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













