Connect with us

Артета: На крајот на минатата сезона размислував да заминам

Арсенал го победи Манчестер Сити и го освои „Комјунити Шилд“ по подобро изведување на пенали. Регуларниот дел заврши со резултат 1-1. Палмер погоди за Сити во 77. минута, а Тросар за Арсенал во 101.минута. Манчестер Сити промаши два удари од пеналтикот и со тоа го поттурна Арсенал кон победата и првиот трофеј сезонава.


Микел Артета забележа победа против својот поранешен ментор Пеп Гвардиола, кому му беше асистент во Сити пред да го преземе Арсенал.

Артета по натпреварот размислуваше за загубената титула минатата сезона.

„Првите неколку недели откако Сити стана шампион беа многу тешки. Првото нешто што треба да направите е да се погледнете во огледало и да сфатите – дали има нешто што требаше да направите подобро или поинаку? Ако е така, научете од тоа. Проценете сами. Дали сте сè уште вистинската личност да го водите клубот, тимот, напред на начинот на кој сакате и дали ја имате таа енергија и таа верба дека сакате да го направите тоа? Беше потребно многу размислување, но одговорот е да и чувствувам многу енергија и позитивност“, изјави Артета.

Арсенал имаше осум бода повеќе од Сити на почетокот на април, но на крајот сепак „граѓаните“ стигнаа до титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови