
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше незадоволен по поразот со 1-0 од Порто во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Неговиот тим делуваше безлично на „Драгао“ и го заврши мечот без ниту еден прецизен удар.
Според менаџерот на Арсенал, неговите играчи можат многу повеќе и тоа ќе го покажат во реваншот.
„Требаше подобро да го контролираме натпреварот. Не можеме да победиме кога ќе ја изгубиме топката трипати длабоко во нашата половина. Мораме да го направиме тоа многу поинаку на „Емирати“. Ни недостигаше опасност пред противничкиот гол. Ни недостигаше агресија, особено во последната третина. Можеме многу повеќе“, убеден е Микел Артета.
„Мислам дека Порто е добро организиран тим во одбраната и знае постојано да го крши ритамот. Има работи кои ќе мора да ги направиме подобро во реваншот. Знаеме што да очекуваме”, додаде менаџерот на Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
