Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го најави утрешниот меч против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите како „најголемиот момент“ во неговата досегашна тренерска кариера. За Артета, ова не е само важен натпревар, туку и шанса да се испише историја со клубот што го предводи.
„Ова ќе биде една од најголемите вечери во мојата кариера. Поминаа 20 години откако Арсенал играл ваков натпревар. За нас ова е фантастична можност да создадеме сопствена историја. Затоа сме тука“, рече Артета.
Шпанецот верува во своите фудбалери и потенцираше дека вербата и поддршката од навивачите ќе бидат клучни за успехот против еден од најтрофејните клубови во светот.
„Ќе бидеме 11 фудбалери и 60.000 што веруваат во нив. Мојата порака? Да бидеме целосно уверени. Утре треба да има 11 фудбалери и 60.000 навивачи кои ќе веруваат дека можеме да победиме. Мислам дека заслужуваме да сме тука, но мора повторно да го докажеме тоа. Ќе ја создадеме нашата историја – и ќе одиме дури и понатаму.“
Артета не го криеше респектот кон Реал Мадрид, но потенцираше дека и тој ги гледа нивните слабости.
„Реал има таква историја поради нивниот менталитет. Тоа е факт. Но, дури ни тие не биле секогаш успешни – затоа што тоа е невозможно“, истакна менаџерот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













