
Се раѓа ново големо ривалство во Премиер – лигата, откако по долгогодишните битки со Јирген Клоп, сега наспроти Пеп Гвардиола во трката за титулата најсериозно застанува неговиот пријател, Микел Артета.
Сè започна на минатонеделното дерби, каде што беше забележлива голема напнатост за време на натпреварот, но и по него, па дури и на прес-конференциите пред ова коло.
Пеп Гвардиола јавно изјави дека е подготвен за „војна“, а не му се допадна двосмислената изјава на Микел Артета дека „многу добро знае што се случувало во Сити“.
„Следниот пат треба да биде попрецизен и појасно да каже што сакал да каже. Микел рече дека бил овде четири години и дека многу добро знае што сè се случувало, а тоа може да се однесува и на сите тие обвинувања против нас. Можеби тој има некои информации за тоа. Би го замолил следниот пат, поради почитта која постои меѓу нас, да биде попрецизен во своите одговори“, изјави Пеп.
На ова му одговори и Микел Артета по победата над Лестер, кој се обиде да ја смири ситуацијата.
„Можам да повторам, за да биде јасно на сите – го сакам Пеп, му се восхитувам од мојата десетта година. Имам огромна почит кон него и сум благодарен за сè што направи за мене, го сметам за свој пријател. Го почитувам и сакам секој вработен во Сити, бидејќи работев со нив четири години и кога реков дека ги познавам, мислев дека знам колку многу се трудат. Ако сакате, повторно ќе кажам: ако некој сака да го наруши нашиот однос, тоа не е во мои раце. Нашата врска е длабока, тој тоа го знае“, изјави Артета.
И покрај ваквите изјави, медиумите продолжуваат да ја поттикнуваат тензијата, бидејќи сите знаеме дека на Англија и на Премиер – лигата отсекогаш им биле потребни сериозни ривалства.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
