Микел Артета е следниот менаџер кој на крајот од сезоната ќе го напушти клубот. Откако Јирген Клоп и Чави Хернандез информираа дека на крајот на сезоната заминуваат од Ливерпул, односно од Барселона, вечерва се појави информација дека и Микел Артета ќе го напушти Арсенал по завршувањето на оваа сезона.
Како што пренесуваат шпанските медиуми Артета на најблиските соработници им открил дека ќе го напушти Арсенал на кајот од сезоната.
Наводно, тензиите и притисокот од минатата и од оваа сезона се преголеми за Артета, кој веќе се договорил со раководството на Арсенал за спогодбен прекин на соработката. Сепак, предвидувањата се дека тој можеби ќе седне на кормилото на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













