Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали придонесот на новиот напаѓач Габриел Жесус во победата против Лестер од 4-2. Бразилецот ги постигна првите два гола за тимот на „топчиите“ и додаде две асистенции.
„Знаеме што може Габи. Тој постигна два гола и додаде две асистенции, но тој е разочаран бидејќи смета дека требало да постигне четири гола“, изјави шпанскиот стручњак. „Тоа е стандард, тоа е менталитет. Тоа не носи на поинакво ниво“, смета Артета.
„Не би сакал да играм против него. Никогаш не сум бил дефанзивец, но можам да замислам дека нема да ми се допадне. Тој е многу мобилен, толку интуитивен, секогаш активен и дава ритам на играта. Тој е вистински закана за сите дефанзивци“, потенцира менаџерот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













