Connect with us

Артета: Арсенал заслужи да се врати во Лигата на шампионите

Арсенал заслужува да игра во Лигата на шампионите оваа сезона, изјави менаџерот Микел Артета, кој ги повика своите фудбалери да го покажат најдоброто при нивното враќање во елитното европско натпреварување по шестгодишно отсуство.


Арсенал, кој се врати во Лигата на шампионите за првпат од сезоната 2016/17, е во група со ПСВ Ајндховен, победникот во Лига Европа, Севилја, и Ленс.


„Секогаш кога ја гледав Лигата на шампионите, а ние не бевме таму, го чувствував тоа: Овој клуб треба да биде во Лигата на шампионите“, изјави Артета пред натпреварот против ПСВ на „Емирати“.


„Тоа беше процес, но ние сме тука и сега треба да го искористиме максимумот. Мислам дека успеавме и го подобривме тимот, го подобривме составот и заслужуваме да бидеме дел од ЛШ. Горди сме и возбудени што Арсенал повторно е во Лигата на шампионите. Помина долго време за клубот откако беше дел од елитата и за мене ова е првпат како менаџер, па навистина се радувам на тоа“, потенцира Артета пред вечерашната пресметка со ПСВ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови