Арсими 1973 загуби со 1-2 од Воска Спорт во натпревар во кој беше досуден спорен пенал за гостите. Домаќинот Арсими објави соопштение искажувајќи го својот револт.
„Ние по секоја цена сакаме да сме професионален тим, добри домаќини и ривали и екипа за почит. Сите го признаваат тоа, меѓутоа она што се случи денес едноставно е премногу. Не бараме алиби за резултатот, одигравме добар меч против тим кој цели на промоција, но, одлуките кои влијаеја на средбата мора да се посочат!
Секогаш сакаме да сме фер и коректни, го почитуваме фер-плејот и стандардите, но вакви случаи многу не повредуваат нас и целото Чегране. Денешниот пенал не повреди и деморализира! Веќе неколку натпревари сме оштетени и никогаш не реагиравме, но по ова денес, премногу е! Реагираме пред да биде предоцна!
Запаметете дека правдата секогаш победува и ќе ве стигне!“, се вели во реакцијата на Арсими.
Арсими во моментов е на десеттото место во Втората лига, со вкупно 13 бода.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski