Connect with us

Арсенал во јануари го купува Линдстром

Трансферниот период во Европа се затвори пред неполн месец, но водечките клубови од Стариот континент веќе активно работат на својата зимска селекција. Лидерот во Премиер – лигата, Арсенал, не е исклучок.


„Топчиите“ се заинтересирани за крилниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, Јеспер Линдстром, а според „Билд“, претставниците на клубот веќе стапиле во контакт со агентите на 22-годишниот дански интернационалец.

Ајнтрахт го купи Линдстром во летото 2021 година од Брондби за 7 милиони евра. Младиот фудбалер имаше подеми и падови во своите настапи, завршувајќи ја дебитантската сезона во Бундес – лигата со пет гола и четири асистенции. Тековната сезона започна многу квалитетно за него и се верува дека Арсенал ќе упати конкретна понуда во јануари. Се споменува сума од 20 милиони евра.

Линдстром е јуниор на Брондби и дебитираше за тимот во 2019 година. Со својот матичен клуб стана шампион на Данска во сезоната 2020/21, по што дојде неговиот трансфер во Германија.

Офанзивниот фудбалер веќе е дел од репрезентацијата на својата земја, но не беше во составот за ЕВРО 2020 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови