Арсенал презема сè порешителни чекори за да го реализира трансферот на Еберечи Езе од Кристал Палас, a клубот веќе остварил директни разговори со претставници на англискиот репрезентативец.
Состанокот се одржал вчера, при што „топчиите“ биле информирани за откупната клаузула на играчот, која изнесува 67,5 милиони фунти.
Во сезоната 2024/25, Езе постигна 11 голови и забележа 6 асистенции во 31 натпревар.
Формата на Езе достигна врв на финалето од ФА Купот на 17 мај, кога го постигна победничкиот гол против Тотенхем и му го донесе на Кристал Палас првиот голем трофеј во историјата на клубот. Неговата способност да решава големи натпревари дополнително го уверила Арсенал дека тој е вистинско засилување за нивните амбиции во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите.
Интересен факт е дека Езе е поранешен член на младинската академија на Арсенал, иако бил ослободен уште на 13-годишна возраст. Сега, играчот роден во Лондон со нетрпение гледа кон можноста да се врати на „Емирати“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













