Connect with us

Арсенал со најслаб старт во последните четири децении, Микел Артета пред отказ

Арсенал доживеа пораз во лондонското дерби против Тотенхем и го има најслабиот старт во Премиер – лигата во последните 39 години. Ова сериозно ја нарушува позицијата на менаџерот Микел Артета, а раководството размислува за отказ и ангажман на нов стратег. Артета доби доверба од „топчиите“ да го реновира тимот, зад неговите одлуки застанаа и раководните луѓе, а посебно специфична беше одлуката да го отстрани комплетно Месут Озил од натпреварувачкиот тим. Но, резултати нема.

Арсенал по 11 одиграни кола во Премиер – лигата има само 13 освоени бода и дури шест порази. Послаб ефект, односно 12 бода имал во далечната сезона 1981/82. Артета урна уште еден неславен рекорд. Стана првиот менаџер на Арсенал кој на стартот од сезоната загубил две лондонски дербија по половина век. Последен пат тоа му се случило на Берти Ми во сезоната 1966/67. 

  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови