Connect with us

Арсенал со луд финиш до триумф против Астон Вила (ВИДЕО)

Арсенал оствари супер значајна победа на гости против Астон Вила (2-4) откако постигна два гола во судиското продолжение. Во 93.минута, Жоргињо шутираше од 25 метри, ја погоди гредата, а одбиената топка го погоди голманот Емилијано Мартинез во главата и се врати во мрежата. Во последните мигови и Габриел Мартинели во противнапад постигна погодок за конечни 2-4.

Астон Вила имаше водство од 2-1 по првиот дел. Оли Воткинс во петтата минута донесе водство за домаќинот, а израмни Бакајо Сака во 16.минута. Кутињо во 31.минута повторно донесе предност за Астон Вила, а Зинченко израмни во 61.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови