Вулверхемптон го совлада Арсенал со 2-1 и го спречи пробивот на „топчиите“ кон горниот дел на табелата во Премиер – лигата. Тимот на Микел Артета мораше да игра со двајца играчи помалку поради исклучувањата на Давид Луиз во 45.минута и на голнанот Бернд Лено во вториот дел, па не можеше да даде поголем отпор.
Арсенал имаше водство со голот на Николас Пепе во 32.минута, но Давид Луиз заработи црвен картон, а Рубен Невеш од пенал израмни во последните мигови од првото полувреме.
Жоао Мутињо во 49.минута се погрижи за комплетен пресврт, а Бернд Лено заработи црвен картон во 72.минута, и тогаш беше јасно дека Арсенал нема што да бара на пресметката со „волците“.
Шефилд Јунајтед го победи ВБА со 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













