
Легендарната навивачка на Арсенал, Марија Петри, почина на 82-годишна возраст, од кои неверојатни 70 години помина на трибините на „Хајбери“, а потоа и на „Емирати“.
Поранешната учителка од Лондон имаше култен статус меѓу навивачите на „топчиите“, позната е по тоа што никогаш не пропуштила ниту еден домашен натпревар на сениорскиот, У23-тимот и на женскиот состав на лондонскиот гигант.
„Ни беше многу жал што ја слушнавме веста. Таа беше составен дел од нашата заедница, олицетворение на вредностите на Арсенал и беше тука за нас секоја недела. Многу ќе ни недостига“, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета.
Марија Петри зборуваше течно шест јазици, зборуваше со многу играчи на Арсенал на нивниот мајчин јазик и со тоа на некој начин им помогна да се прилагодат на новата средина по пристигнувањето.
Навивачите ја паметат како многу гласна и како некој кој напишал бројни навивачки песни, кои и денес се слушаат на трибините.
Арсенал со официјално соопштение на клубот се прости од Марија.
A true club legend. The ultimate supporter.
— Arsenal (@Arsenal) July 22, 2022
For years, Maria attended 𝗲𝘃𝗲𝗿𝘆 men’s, women’s and academy game to support The Arsenal.
Her spirit, love and commitment to the club will live on forever.
Rest in peace, Maria ❤️

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
