
Англискиот премиерлигаш Арсенал е заинтересиран за офанзивецот на Лион, Лукас Пакета. Тоа го потврди и претседателот на Лион, Жан Мишел Аулас, кој истакна дека Пакета би можел да го напушти тимот ова лето.
„Имаме понуди за Лукас. Има играчи кои се целосно задоволни од нашиот проект, но има и такви кои не се задоволни од нешто. Освен тоа, имаме и економски потреби, за да ги реализираме нашите идеи и да ги постигнеме нашите цели“, изјави Аулас за „Скај спортс“.
Во сезоната 2021/22, Лукас Пакета постигна 11 гола за Лион и забележа седум асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања. Неговата вредност во моментот се проценува на 35 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
