Словенечкиот напаѓач Бењамин Шешко, кој има само 21 година, продолжува да импресионира оваа сезона во дресот на Лајпциг, привлекувајќи внимание како еден од најбараните напаѓачи во светот. Во Лигата на шампионите, Купот и Бундес-лигата постигна 13 голови на 25 натпревари, а за словенечката репрезентација веќе е незаменлив, со 16 голови на 39 натпревари.
Арсенал е еден од клубовите што покажува сериозен интерес за Шешко, барајќи квалитетен напаѓач. Менаџерот Микел Артета смета дека Каи Хаверц, кој природно игра во средниот ред, не е долгорочно решение за таа позиција.
Според медиумите на Островот, Артета неколкупати лично разговарал со Шешко за евентуален трансфер.
Минатото лето, Шешко наводно го одбил Арсенал бидејќи сметал дека не е подготвен да биде прв избор во клуб што се бори за титула во Премиер – лигата. Сепак, сега се чини дека е посигурен во своите способности. Според медиумите, Лајпциг има договор да го ослободи ако пристигне вистинска понуда.
Шешко, кој својата кариера ја започна во словенечкиот Домжале, се пресели во младинската академија на Ред Бул Салцбург на 16-годишна возраст. Во првиот тим на Салцбург го наследи Ерлинг Халанд, а аналитичарите често ги споредуваат двајцата.
Покрај развојот во системот на Ред Бул, нив ги поврзуваат и импресивните физички способности. Шешко е висок 195 сантиметри, еден сантиметар повеќе од Халанд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal