Connect with us

Арсенал „распука“ по Атлетико, Наполи настрада во Холандија, ПСЖ убедлив во Германија (ВИДЕО)

Вистинска фудбалска експлозија во второто полувреме донесе голем триумф на Арсенал против Атлетико Мадрид со убедливи 4-0 на преполниот „Емирати“.

Првиот дел мина мирно, без вистински шанси и голови, но по паузата избраниците на Микел Артета буквално го „разбија“ шпанскиот гигант. Габриел го отвори резултатот во 57. минута по изведен корнер, по што следуваше вистински налет на домаќините. Мартинели зголеми на 2-0 во 64. минута, а само три минути подоцна новото засилување Ѓокереш погоди за 3-0. Португалецот беше повторно прецизен и во 70. минута за конечни 4-0 и фудбалска лекција за мадриѓаните.

Во останатите натпревари, Жозе Мурињо со својата Бенфика доживеа тежок пораз од Њукасл со 3-0. Херој на „чавките“ беше Харви Барнс со два погодоци, додека Гордон исто така се запиша меѓу стрелците.

Интер без проблеми ја совлада белгиската екипа Ројал Унион Сен Жил со 0-4. Стрелци за „нероаѕурите“ беа Дамфрис, Лаутаро Мартинез, Чалханоглу од пенал и Еспозито.

Борусија Дортмунд славеше во Копенхаген со 2-4. Нмеча постигна два гола, Бенсебаини беше сигурен од белата точка, а Силва го заокружи триумфот.

Манчестер Сити пак ја потврди фаворитската улога и славеше на гостувањето кај Виљареал со 0-2. Халанд и Бернардо Силва ги донесоа трите бода за „граѓаните“.

Елиф Елмас одигра пет минути, а Наполи загуби убедливо на гости кај ПСВ со 6-2.

Наполи доживеа вистински дебакл на гостувањето во Холандија – ПСВ Ајндховен го совлада тимот на Антонио Конте со убедливи 6-2. Иако Италијанците поведоа преку Скот Мектоминеј, домаќините направија целосен пресврт и потоа го казнија секој пропуст на одбраната на Наполи. Во вториот дел „партенопеите“ целосно се распаднаа, останаа и со играч помалку, по што следуваше вистински потоп во Ајндховен. Нашиот Елиф Елмас влезе во игра во 85. минута, но не можеше да промени ништо во играта на својот тим.

ПСЖ беше уште поубедлив на гости кај Баер Леверкузен и славеше со 2-7.

На „Бај Арена“ вечерва се случи вистински спектакл – пенали, црвени картони, девет гола и на крај убедлив пораз на Баер Леверкузен од 2-7 против моќниот Пари Сен Жермен.

Возбудувањата започнаа рано, уште во седмата минута, кога Пачо донесе водство за гостите од Париз (0-1). Во 25. минута Грималдо имаше шанса да израмни, но го промаши пеналот, а само неколку секунди подоцна Андрих заработи црвен картон и ги остави „фармацевтите“ со играч помалку.

Сепак, и ПСЖ наскоро остана без човек на теренот — Забарни беше исклучен по остар старт. Во 38. минута Гарсија израмни од белата точка на 1-1, но следуваше вистинска експлозија на гостите. Во само седум минути „светците“ постигнаа три гола: Дуе повторно ги врати во водство, Кварацкелија зголеми на 1-3, а токму Дуе со својот втор погодок во 45. минута постави неверојатни 1-4 на полувреме.

Вториот дел започна во ист стил – Мендеш погоди за 1-5 и практично го реши натпреварот. Гарсија успеа да намали на 2-5 и барем малку да ја разубави сликата за домаќините, но Дембеле, само што влезе во игра, веднаш стрелаше за конечни 2-6, а потоа и ПСЖ додаде уште еден гол преку Витиња за конечни 2-7.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови