Сезоната за напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус, заврши. Ова стана јасно откако лондонскиот клуб официјално ја потврди непријатната дијагноза која се однесува на предните вкрстени лигаменти на левото колено на Бразилецот. Жесус ја заработи повредата за време на дербито со Манчестер Јунајтед во неделата, кога беше изнесен на носилки.
Од „Емирати“ откриваат дека во наредните денови Жесус ќе биде опериран, по што ќе започне долгиот процес на негово закрепнување. Периодот на рехабилитација за вакви повреди трае околу девет месеци.
Ова значи дека Микел Артета ќе остане само со Каи Хаверц, кој може да игра како напаѓач. Во оваа ситуација, Арсенал ќе направи сè што е можно за да ангажира нов напаѓач до крајот на јануарскиот трансфер период.
Жесус постигна шест голови во последните седум натпревари за Арсенал. Инаку, од почетокот на сезоната Бразилецот има уште седум погодоци во 27 натпревари во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













