Арсенал се активира во последните денови од трансферниот прозорец и испрати понуда за напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс, пренесуваат реномираните медиуми од Англија. Понудата изнесувала околу 60 милиони фунти, но Астон Вила веднаш ја одбила.
Клубот од Бирмингем не е задоволен од тајмингот на понудата, бидејќи тимот се подготвува за клучен натпревар во Лигата на шампионите во борбата за место во најдобрите осум екипи во групната фаза.
Покрај тоа, Астон Вила продолжува со преговорите со Ал-Наср за евентуална продажба на Џон Дуран, а шансите и двајцата напаѓачи да заминат се многу мали.
Астон Вила ќе бара значително повисока сума за да се раздели со Воткинс, кој има 29 години и договор што трае уште три и пол сезони. Во тековната сезона, англискиот напаѓач има 10 голови и пет асистенции на 23 натпревари во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













